КРИС МАРТИН ОД „КОЛДПЛЕЈ“ ИСПЕА ПЕСНА ОД ТЕЈЛОР СВИФТ ВО ВИЕНА ЗА ДА Ѝ ДАДЕ ПОДДРШКА ПО ОТКАЖАНИТЕ КОНЦЕРТИ

Виена, (Би-Би-Си)

Фронтменот на бендот „Колдплеј“, Крис Мартин, ги подрржа фановите на Тејлор Свифт во Австрија.

Бендот одржа два од четирите концерти на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена, каде што Мартин, заедно со пејачката Меги Роџерс, пееја акустична верзија на хитот на Свифт од 2008 „Љубовна приказна“ (Love Story).

Според видеоснимката објавена на социјалните мрежи, Мартин исто така покани „двајца вистински фанови“ на сцената додека тој и Роџерс ја пееја песната.

„Ја пееме оваа песна со толку многу љубов за Тејлор и многу љубов за ‘Свифтис“, ѝ рече Мартин на публиката.

Членовите на „Колдплеј“ го направија првиот голем чин како поддршка на пејачката, откако нејзините три концерти во Виена се откажаа поради можен терористички напад.

Добитничката на Греми ја продолжи својата турнеја минатата недела, пеејќи пет ноќи на стадионот „Вембли“ во Лондон. Што се однесува до безбедносните мерки за публиката на концертот на „Колдплеј“, организаторите објавија дека Стадионот се координира со локалните власти и партнерите пред концертите, за да се осигура безбедноста на сите.