Вечерва од 20 часот во Операта, оркестарот на Националната опера и балет и солисти ќе одржат концерт во рамките на 47. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“.
Ќе се изведат дела на композиторите Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, на кои им се одбележуваат јубилејни години од раѓањето, премиера на дело на композиторот Стојан Стојков, и дела на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.
Како солисти ќе настапат сопраните Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска и Гонца Богоромова и баритонот Горан Начевски, придружувани од оркестарот, со кој ќе диригира Иван Еминовиќ. Влезот е слободен.