Италијанскиот пијанист Емануеле Арчиули ќе има концерт вечерва (19 часот) во фоајето на Македонската опера и балет (МОБ), како дел од зимската програма на фестивалот Охридско лето.
Од Фестивалот го најавуваат Арчиули како еден од најоригиналните и најинтересни изведувачи на денешната класична музичка сцена. Неговиот репертоар е огромен, од Бах до современата музика, со силен афинитет кон композиторите од САД.
Арчиули редовно настапува во големите концертни сали и на фестивали, предава современа музика на Академија ди Пинероло, професор е на конзерваториумот во Бари и е чест визитинг-професор на американски универзитети.
Концертот е поддржан од амбасадата на Италија во Македонија.
Д. ЧУБРИЌ