Пијанистката Анастасија Кочева утре (31 јануари) ќе одржи концерт во Салон 19:19 во Културно информативниот центар во Скопје. На програмата се дела од Франц Шуберт и Морис Равел.
Кочева (28) е дел од новата генерација пијанисти на домашната сцена. Своето музичко образование го започнала на седумгодишна возраст, а го заокружила на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на д-р Ана Гацева, каде дипломирала и магистрирала.
Освен класичната, таа е активна и на алтернативната и независна музичка сцена, создавајќи авторска електронска музика и различни импровизациски формации. Минатата година го објави деби албумот насловен „Тар“, во издание на „Стотројка“.
Работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.
Фото: К. Велковска