Композиторот Никола Мицевски ќе одржи концерт со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ во Скопје (21 часот).
Минатата година, Мицевски со истиот проект одржа концерти во Филхармонијата, Центарот за култура во Битола и во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Мицевски вели дека му е драго што со своите колеги сега ќе свири во поинтимен амбиент.
Проектот „Нова ера“ е спој на различни жанрови: филмска музика, етно, рок и електро, каде што главен инструмент е пијаното. Покрај Мицевски и пријателите, ќе има и неколкумина гости. Билетите се продаваат преку мрежата ticketx.mk.