„КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ЌЕ ГО РЕИЗДАДЕ АЛБУМОТ „МАЈЧИН ЈАЗИК“ НА ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ НА ПЛОЧА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осум години по објавувањето на албумот „Мајчин јазик“ на Влатко Стефановски, „Кроација рекордс“ повторно ќе го издаде на винил. Песните се ремастерирани од Горан Мартинац во студиото на „Кроација рекордс“.

Стефановски рече дека иако бил исклучително продуктивен во текот на неговата кариера, она што отсекогаш ѝ недостигало на неговата дискографија бил гитарски соло албум како „Мајчин јазик“.

Легендарниот гитарист кажа дека за само неколку дена снимил девет инструментални песни за албумот, на чија обвивка е слика од мајка му Нада во улогата на Маша од драмата на Толстој, „Жив леш“. Стефановски претходно рече дека оваа слика од доцните 1940-ти му дава посебна емотивна вредност на албумот.

На обвивката на албумот е слика од мајката на Влатко Стефановски, Нада (Фото: Кроација рекордс)

Кога се создаваше „Мајчин јазик“, Стефановски се соочуваше со тешки лични предизвици и во тоа време рече:

„Кога снимам, сакам да ги доловам мојата возбуда и моите емоции, а не техниката. Верувам дека овој албум отиде чекор понатаму“.

Неодамна излезе неговиот нов албум „Лондонски сесии“, снимен во „Аби роуд“ во Лондон, како двојно цеде и тројна грамофонска плоча. На албумот има 23 песни, 22 од репертоарот на Влатко и една преработка од „Битлс“.

Фото: К. Попов

.