„ЛАЈБАХ“ ЌЕ НАСТАПИ ВО БИТОЛА НА 25 НОЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Култниот словенечки бенд „Лајбах“ ќе настапи во Битола во рамките на својата европска турнеја „Љубовта е сѐ уште жива“. Концертот ќе се одржи на 25 ноември од 20 часот во Центарот за култура и ќе биде дел од 15. издание на Фестивалот на музика од светот. Картите чинат 1.200 денари.

Ова ќе биде второ гостување на „Лајбах“ во Македонија оваа година, откако во јули го отвори фестивалот Скопје колинг.

(Фото: Фејсбук)