„ЛЕГО“ СНИМИ АЛБУМ СО ЗВУЦИТЕ НА КОЦКИТЕ

Копенхаген, (ДПА)
Lego's debut as a sound artist comes in the form of a seven-track album titled "Lego White Noise," made by using thousands of Lego bricks. Photo: Lego/dpa

Данскиот бренд „Лего“ дебитираше на музичката сцена со албум со седум песни, насловен „Белиот шум на Лего“.

Компанијата им дала 10.000 коцки на инженери за звук за да експериментираат со нив, па така е составен албум од три и пол часа, кој содржи звуци на кликање, шушкање, паѓање и слично.

Секоја нумера е посветена на една рутина или звук, како кликот на две мали коцки што се спојуваат. „Водопад“ е името на песната која го доловува силниот звук на коцки што се истураат од кутија на под.

Албумот е достапен на стриминг платформите Спотифај и Епл мјузик.