ЛЕНИ КРАВИЦ ЌЕ НАСТАПИ ВО ОХРИД НА 4 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Рок-ѕвездата Лени Кравиц се враќа во Македонија со нов концерт во Охрид, објави „Авалон“. Концертот ќе се одржи на 4 август на стадионот „Билјанини извори“, каде што настапи и пред 16 години.

Ова ќе биде вкупно трето гостување на Кравиц во Македонија, откако во 2019 имаше концерт и во Скопје.

На концертот во Охрид Кравиц ќе го претстави и новиот албум „Blue Electric Light“, кој официјално излегува на 24 мај.

„Лени сакаше да се врати во Охрид и доаѓа поголем од кога било. Овој концерт е дел од неговата европска турнеја ‘Blue Electric Light 2024‘, на која претежно ќе биде хедлајнер на големи фестивали, но ќе има и неколку соло концерти, во кои спаѓа и охридскиот“, велат од „Авалон“.

Влезниците ќе бидат во продажба од среда (17 април), по цени од 1.990, 3.000 и 6.000 денари.

(Фото: АП)