Поп-ѕвездата Деми Ловато во март прослави шест години трезвеност, но нејзината нова песна сугерира дека, можеби, ѝ се вратил стариот проблем.
Дваесет и петгодишната пејачка ја објави песната „Трезна“ на Јутјуб, во која има стихови како „Мамо, многу ми е жал што веќе не сум трезна/Тато, прости ми, за пијалоците што се истурија на подот”.
Песната завршува со стиховите „Жалам што сум тука повторно, ветувам дека ќе побарам помош/Не ми беше таква намерата, се извинувам на самата себе“.
Ловато твитна линк до песната со зборовите „Мојата вистина”.
Пејачката, која е и актерка, изминативе години се бореше со нарушувања во исхраната, самоповредување, дрога и со алкохол, а со рехабилитација почна во 2010 година.