Нов албум на Принс, што ќе вклучи негови верзии на песни што тој ги напишал за други музичари, ќе биде објавен во јуни.
Насловен „Оригинали“, албумот ќе содржи 15 песни, што ги имаат отпеано имиња како Шинид О‘Конор, „Бенглс“, Шејла Е. и Кени Роџерс. Некои од нив Принс ги напишал под псевдоними.
Албумот ќе биде објавен на 7 јуни, денот кога Принс ќе наполнеше 61 година. Тој почина на 21 април 2016 од случајно предозирање со фентанил.
Џеј-Зи, преку чија стриминг платформа „Тајдл“ албумот прво ќе биде издаден, помогнал да се селектираат песните, заедно со музичкиот могул Трој Картер, кој управува со наследството на покојниот пејач. Четиринаесет од овие 15 демо снимки досега не се објавени.