„Металика“ ја изненади јавноста со првиот сингл од новиот албум, чие излегување е најавено за следната година.
Пет години по „Hardwired…To Self-Destruct“ доаѓа „72 Seasons“, 12. студиско издание на метал легендите, кој ќе биде објавен на 14 април 2023. Продуциран од Грег Фајделман заедно со Џејмс Хетфилд и Ларс Улрих, албумот ќе содржи 12 песни и ќе трае 77 минути.
„Металика“ го промовираше звукот од новиот албум преку синглот „Lux Æterna“, а истовремено се објавени и имињата на останатите 11 песни.
Излегувањето на новиот албум ќе биде проследено со голема светска турнеја, која ќе ги опфати 2023 и 2024 година.
(Фото: Фејсбук)