НОВИОТ АЛБУМ НА НИК КЕЈВ ИЗЛЕГУВА ВО АВГУСТ

Сиднеј, (Јуроњуз)

Ник Кејв потврди дека неговиот нов албум излегува налето. За да го објави доаѓањето на „Wild God“ на 30 август, Кејв ја сподели насловната песна од неговиот 18. студиски албум по ред.

Се надевам дека овој албум ќе го има ефектот врз слушателите каков што имаше врз мене. Пука од звучникот и ве потопува. Тоа е комплициран албум, но исто така е длабоко и радосно заразен. Никогаш немаме некој голем план кога правиме албуми. Тие најчесто ја одразуваат емоционалната состојба во која се наоѓаат оние кои ги прават. Слушајќи го овој албум, се чини дека сме среќни“, објави Кејв.

Wild God“ доаѓа пет години по неговиот последен албум „Ghosteen“ и содржи десет песни.

Ова ќе биде голема година за Кејв. Покрај новиот албум, најавена е и телевизиска адаптација на неговиот роман „Смртта на Бани Монро“ и ќе има големи годишнини на три негови значајни албуми.

(Фото: Гети)