За првачињата, азбуката, Македонија, здравиот мед и путерче со леб, омилените професии, за другарката Мина пееја хорот и солистите на детскиот фестивал „Поточиња“, кој се одржа на 13 и 14 април во Филхармонијата во Скопје. Сите седум претстави во текот на двата дена беа полни со публика.
Настани со културни активности за деца се реткост во нашата земја, па секогаш е радост и голема возбуда кога се организираат. Децата со семејствата и со другарчињата секогаш со големи аплаузи реагираат на најавната песна на „Поточиња“. Маскотата Поки, омилен на децата, ја води публиката низ песните и ги претставува солистите и потоа кој трпеливо слуша, кој пред сцената и се забавува.
„Поточиња“ се одржа по 21. пат, а досега се изведени околу 300 песни.
Фото: С. Рајхл