Филхармонијата денеска од 18 часот ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи 118-годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Концертот ќе се одржи без публика, па ќе се пренесува онлајн, согласно актуелните мерки за заштита од ковид-19. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе.
Како солистки ќе настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова, а диригент е Христо Христов од Бугарија.