Во пресрет на концертот под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“, кој ќе се одржи на 22 март во Филхармонијата, тимот на оркестарот го осветли Мостот на уметноста во Скопје.
„Ставањето свеќи на мостот привлече бројни минувачи и љубители на класичната музика“, велат од „Профундис“, кој лани одржа концерт во Филхармонијата со илјадници (вештачки) свеќи на сцената.

Како гостин на концертот ќе настапи младиот српски челист Петар Пејчиќ, а диригент е Ѓурѓица Дашиќ. Пејчиќ бил финалист на англискиот меѓународен натпревар „Кралица Елизабета“ и настапувал со некои од најпрестижните оркестри во Европа, меѓу кои Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си, Бриселската филхармонија и Хелсиншката филхармонија.
На репертоарот се музиката од Филип Глас од филмот „Часови”, Унгарска рапсодија оп. 68 од Давид Попер и „Рококо варијации“ од Петар Илич Чајковски. Билетите се продаваат преку мрежата на МК Тикетс.