Од 16 до 19 април, во Битола ќе трае осмото издание на Џез фактори фестивалот. Настаните ќе се одржуваат во Народниот театар, Центарот за култура и во неколку кафе барови. Тони Китановски (фото) ќе биде диригент на Биг бендот на фестивалот.
Фестивалот ќе биде отворен на 17 април од 20 часот во Народниот театар, а ќе гостуваат музичари од Франција, Шпанија, САД, Македонија и други земји. Ќе има и работилници за деца и промоција на книга од Ненад Георгиевски. Годинашниот плакат го изработи Даниел Ѓурчиновски.