„Парни ваљак“ ќе продолжи да функционира како бенд, и покрај смртта на долгогодишниот фронтмен Аки Рахимовски, но тој ќе остане незаменлив, изјави еден од основачите на групата, гитарист и главен композитор Хусеин Хасанефенфиќ-Хус.
Рахимовски ненадејно почина минатата сабота на 66 години, додека групата подготвуваше нов албум и турнеја.
„Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го менуваме Аки. Можеби ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе биде гостин. Аки е незаменлив. Верувајте ми, сите ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Ние живееме за да свириме. Нам не ни требаше ‘Парни ваљак‘ за да заработуваме пари, ние имавме потреба да свириме“, кажа Хасанефендиќ.
Тој и Рахимовски го почнаа бендот во 1975 година и го претворија во еден од најпопуларните и најконстантни во регионот.