Песната „Бордел танго“ на Кирил Џајковски ќе се најде во серијата на „Дизни“, „Дердевил: Повторно роден“.
Откако „Дизни“ ги откупи правата за серијата која претходно се емитуваше на „Нетфликс“, во деветте епизоди се употребени песни од светски познати музичари, како Ник Кејв и „Килс“. Песната на Џајковски се појавува во завршната сцена од претпоследната епизода.
Оригинално напишана за филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски, „Бордел танго“ се вклопи и во американската серија. Оваа композиција ќе биде дел од репертоарот на концертот со филмска музика, што Кирил Џајковски ќе го одржи на 15 јуни во Националната опера и балет.