„Снегови“ е новата песна на поп-пејачот Александар Тарабунов, која излезе на Божиќ, 7 јануари.
„Чест ми е што на овој најголем христијански празник ви ја подарувам ‘Снегови’, моето парче душа и новиот вистински јас“, кажа Тарабунов за новата балада.
Тој е комплетен автор на песната, ги напиша музиката, текстот и аранжманот, а виолината ја отсвире неговиот колега од Битола, композиторот и пејач Димитар Андоновски.
Тарабунов е вработен во хорот на Националната опера и балет. Син е на пејачот на македонски народни песни Ванчо Тарабунов.