„ПРИМАВЕРА“ ОБЈАВИ ДЕКА Е ПРВИОТ ФЕСТИВАЛ СО ЕДНАКВА ЗАСТАПЕНОСТ НА МАШКИ И ЖЕНСКИ МУЗИЧАРИ

Барселона, (Би-Би-Си)

Реномираниот музички фестивал „Примавера“, кој се одржува во Барселона, ја објави листата учесници за своето наредно издание и се пофали дека родовата застапеност ќе биде 50:50.

Опишувајќи ја листата како „новото нормално“, организаторите кажаа дека „Примавера“ е првиот голем фестивал на светот кој ќе има еднаква застапеност на машки и женски музичари.

„Запомнете, 2019-та ќе биде година која сè ќе промени. Се чинеше невозможно, но сегашноста конечно им припаѓа на жените“, објавија организаторите на Твитер.

Следното издание на фестивалот ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни и во обемната листа учесници како главни ѕвезди се истакнати Ерика Баду, „Тејм импала“, Соланж, Карди Би, Џанел Монае, Робин, Џејмс Блејк…