Независниот музички издавач „Шарла“ стигна до бројката од 50 објавени албуми. Јубилејното издание е првиот миниалбум на скопската група „Перија“, насловен „Кокало“, кој содржи четири песни.
„Перија“ е женско трио што го сочинуваат Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, чија музика има корени во балканските традиции и е под силно влијание на ориенталниот звук. Ова се доловува преку автентичниот звук на традиционалните инструменти уд, тамбура, бендир и кемане.
„Шарла“ успеа да го создаде својот богат каталог за само шест години постоење.