Прославениот германски индустријал бенд „Рамштајн“ ја искористи неможноста да настапува за да сними нов албум, објави клавијатуристот Кристијан Лоренц.
Како и остатокот на музичкиот свет, групата беше принудена да ја откаже својата минатогодишна летна турнеја, но место да мируваат, членовите почнале да работат на нов материјал и во октомври се вратиле во студио.
„Фактот дека не можевме да настапуваме во живо ја зголеми нашата креативност. Имавме повеќе време да мислиме на нови работи. Како резултат на тоа, снимивме нов албум што не го планиравме“, изјави Лоренц.
„Рамштајн“ го објави последниот албум во мај 2019, негов прв по десет години пауза.