РУСКАТА ВИОЛИНИСТКА БАЕВА ВЕЧЕРВА ГО СВИРИ ШУМАН СО ФИЛХАРМОНИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Руската виолинистка Алена Баева е солистка на вечерашниот концерт на Филхармонијата од 20 часот. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во Д-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонија број 4 од Бетовен.

„Ова е единствениот концерт што го напишал германскиот романтичар Роберт Шуман (1810-1856). Тој останал неоткриен речиси 80 години. Делото има три става и во него повеќе се чувствува класичниот манир на неговата подоцнежна музика сублимирана во ‘Рајнска симфонија‘, отколку поетскиот и страстен стил од раните дела“, велат од Филхармонија.

Баева брзо се етаблираше како една од водечките виолинистки на својата генерација. Нејзиниот репертоар опфаќа повеќе од 40 концерти за виолина и оркестар.