„САНАТОРИУМ“, „СУПЕРХИКС“ И ДИНА ЈАШАРИ ЌЕ НАСТАПАТ ЗА 50. РОДЕНДЕН НА МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Младински културен центар во Скопје објави дел од музичката програма од целодневната прослава на својот 50. роденден, што ќе се случи на 28 декември.

Спојувајќи ги минатото и сегашноста на македонската урбана музичка сцена, во Денсинг салата на МКЦ ќе настапат „Бадмингтонс“, „Санаториум“, „Чиста околина“, Дина Јашари и другари, „Суперхикс“ и „21 век“. Влезот ќе биде бесплатен, а концертите ќе почнат во 21 часот.

Од МКЦ велат дека во следните денови ќе има уште многу објави поврзани со прославата на големиот јубилеј.