Натпреварот за песна на Евровизија, што требаше да се одржи во салата Ахој во Ротердам во мај, е откажан поради КОВИД-19, потврди денес Евровизискиот организациски тим.
Последните неколку недели, тимот ги разгледал сите можни опции да се овозможи одржување на фестивалот, но поради мерките против ширењето на коронавирусот кои во моментов се спроведуваат во Европа, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) мораше да ја донесе оваа одлука.
ЕБУ останува во дискусија со холандските радиодифузни куќи, како и со општина Ротердам, за можноста за организирање на фестивалот во Ротердам евентуално во 2021 година.
Македонската радио-телевизија (МРТ) соопшти дека ќе ги следи и почитува одлуките на ЕБУ и ќе дејствува во координација со неа.
Шеесет и петтата Евровизија требаше да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам. Наш претставник годинава ќе беше Васил Гарванлиев со песната „Ти“, која беше промовирана пред 10 дена.
И. ТРАЈКОВСКИ