Седмото издание на музичкиот фестивал Востание ќе се одржи на 15 декември во Младински културен центар во Скопје, а како главна ѕвезда е најавен белгискиот хардкор бенд „Нести“ (Nasty).
Меѓу седумте учесници има уште еден гостин од странство, „Нагон“ од Србија, а останатите се домашни бендови: „Шок труперс“, „Пич вајс“, „Примитив дред“, „Инер хејт“ и „Димиш“. Фестивалот е во организација на издавачката куќа „Дајхард“.
Првичната цена на картите ќе биде 600 денари, а потоа ќе поскапат на 700 и 800 денари.