СО ФЕСТИВАЛОТ „РИВАЈВЛ“ ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖАТ 30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНА МУЗИЧКА СЦЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По една и пол година без концерти, некои од најактуелните имиња од домашната екстремна музичка сцена ќе се соберат вечерва во паркот на Младински културен центар во Скопје на првото издание на фестивалот „Ривајвл“. Настанот, што го организираат „Ивент лоџистикс“ и „Терорвоид“, е најавен како одбележување на 30 години независна музичка сцена во Македонија.

Фестивалот ќе се отвори во 17 часот со изложба на карти и плакати од концерти и свирки одржани во Македонија во изминатите три децении.

Музичкиот дел почнува во 19 часот со настапот на „Трансхантер“, по што следуваат „Трендкил“, „Амброз“, „Деменси“ и „Хардфејсд“. „Шок труперс“ во последен момент го откажа настапот.