Со вечерашниот Гала оперски концерт од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори 21. издание на Есенските музички свечености.
На концертот под диригентство на Иван Еминовиќ ќе настапат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска-Спасовска, Ирена Кавкалевска и Зоран Сотиров, како и Хорот и Оркестарот на НОБ.
Следен настан е на 6 ноември, со концертот на обоистката Гордана Јосифова-Неделковска и со гостите Влатко Стефановски – гитара, Страшо Темков – флејта, Елена Атанасовска-Ивановска – пијано и Инес Неделковска – пијано.
Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот.