СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА ТРПЧЕСКИ И ВЕНГЕРОВ ВО „КАРНЕГИ ХОЛ“ ВО ЊУЈОРК

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Maxim Vengerov and Simon Trpceski, 01/20/2022

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески и легендарниот руски виолинист Максим Венгеров беа наградени со стоечки овации во преполниот „Карнеги хол“ во Њујорк, каде што го одржаа вториот заеднички концерт. Двајцата врвни уметници ѝ возвратија на публиката со три биса, пренесе Здружението за култура и уметност КултурОп.

Трпчески и Венгеров лани првпат свиреа заедно на фестивалот „Музика мунди“ крај Брисел, по што за почетокот на оваа година договориле минитурнеја на некои од најпрестижните светски сцени.

Тие пред две недели свиреа во салата „Барбикан“ во Лондон, а в четврток ќе имаат настап на големата сцена на Париската филхармонија.