„ТАКСИРАТ“ ГИ ВРАЌА „КИБОРГ“ НА СЦЕНА ПО 20 ГОДИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претстојното, 19. издание на фестивалот „Таксират“ го најави камбекот на култниот македонски индастријал бенд „Киборг“, кој ќе го има првиот концерт по цели две децении пауза.

Долго очекуваното враќање на сцена на една од омилените андерграунд групи од 90-ите години ќе се случи на 2 декември во МКЦ, исто така, во рамките на ПИН музичката конференција.

„Киборг“ беше активен само три години, но зад себе остави неколку незаборавни настапи, пред сѐ, како предгрупа на „Јанг гадс“ и на фестивалот посветен на Дејан Аргировски-Ушко во МКЦ.

На 2 декември, оригиналните членови Дарко Јаневски (вокал) и Владимир Каевски (клавијатури) ќе бидат придружувани од тандемот на „Санаториум“, Перо Стефановски (гитара) и Горан Атанасов (тапани).

Г. КОНЕВ