Во изминатите 24 години фестивалот Таксират нагости светски музички имиња како Жан Мишел Жар, Иги Поп, „Стренглерс“, „Креатор“, „Експлоитед“, Ману Чао, Трики, „Сабатон“, Борис Брејча… Вечерва, кога во арената „Борис Трајковски“ се заокружува прославата на 25-годишнината на фестивалот, концептот ќе биде поинаков.
Организаторот „Пасворд продукција“ одлучи да го прослави јубилејот со популарни домашни и регионални бендови и музичари на главната бина, од кои некои ги нарекува дел од неговото семејство, додека на другиот, смут грув стејџ ќе има учесници и од други страни на светот.
Вратите се отвораат во 19:30 часот, а еден час подоцна настапува „Смат“, кој секогаш е одличен избор за кревање на атмосферата. Потоа следуваат „Лет 3“ од Хрватска, избор од најдоброто од домашната хип-хоп сцена Страјк, ЛД Пистолеро, Гоце САФ и Ронин, „С.А.Р.С.“ од Србија, „Дубиоза колектив“ од БиХ и Кирил Џајковски.
Другиот стејџ се отвора во 21 часот со српскиот рапер Смоук Мардељано, по кој настапуваат Мими Мерцедес, францускиот музички колектив „Есид араб“ и австралискиот музичар Даб Еф-Икс.и така сѐ некаде до после три часот.
(Фото: Фејсбук/Д. Апостолов)