Еминем го немаше подолг период во јавноста, но се врати во вторникот, кога на доделувањето на хип хоп наградите на телевизијата БЕТ рапуваше против американскиот претседател Доналд Трамп. Во своите стихови, раперот го нападна Трамп за неговите ставови за расите, Порторико, контролата на оружје, заробените војници и уште многу други работи.
Сепак, Еминем не е првиот што го споменува Трамп во текст на песна, посебно во хип хоп. Претходно, се споменуваше во контекст на неговото богатство, како во песните на Реквон, Ајс Кјуб и Сајпрес Хил. Но, откако влезе во политиката, тој стана поинаква инспирација за музичарите. Ова се некои од најдобрите песни инспирирани од американскиот претседател:
Фиона Епл – „Мали раце“ (Tiny Hands)
Пуси Рајот – „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again)
Аркејд Фајр – „Ти давам моќ“ (I Give You Power)
Роџер Вотерс – „Дали е ова животот што навистина го сакаме?“ (Is This the Life We Really Want?)
Џои Бедес – „Земја на слободните“ (Land of the Free)
Роки Маунтин Мајк – „Господин мандарина“ (Mr. Tangerine Man)
Брухерија – „Да живее претседателот Трамп!“ (Viva Presidente Trump!)