ТРЕТИОТ АЛБУМ НА БИЛИ АЈЛИШ ИЗЛЕГУВА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

Лос Анџелес, (АП)

Били Ајлиш објави дека нејзиниот долгоочекуван трет албум ќе излезе на 17 мај. Насловен „Hit Me Hard and Soft“, Ајлиш кажа дека во меѓувреме нема да објавува синглови.

Сакам да ви го дадам целиот одеднаш. Не можам да бидам погорда на овој албум“, изјави Ајлиш.

Таа и на новиот албум соработува со нејзиниот брат Финис, со кого неодамна го доби вториот Оскар за најдобра оригинална песна, за филмот „Барби“.

Hit Me Hard and Soft“ доаѓа три години по нејзиниот последен албум „Happily Ever After“.

(Фото: Инстаграм)