ВТОР КОНЦЕРТ НА СИМОН ТРПЧЕСКИ И ОРКЕСТАРОТ „АЈГА“ СО ПРОЕКТОТ „МАКЕДОНИСИМО“ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ одржат уште еден концерт на 31 март во Филхармонијата со проектот „Македонисимо“, откако се распродаде првиот закажан, на 1 април.

Концертите се македонска и балканска премиера на неговата оркестарска верзија, соопшти промоторот „КултурОп“. Квинтетот е во состав Симон Трпчески на пијано, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело и Влатко Нушев на удиралки, а со Камерниот оркестар ќе настапи под диригентство на Ана Спасовска. Специјални гости ќе бидат Владимир Крстев на виолина и Александар Димитров и Паскал Краповски на виолончело.

Светската оркестарска премиера на „Македонисимо“ беше лани во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена.