Вечерва, (21 септември) на плоштадот Автокоманда во Скопје ќе се одржи фестивалот „Бајкерфест“ кој почнува од 16 часот.
Најавени се настапи на бендовите „Ноу сигаретс“ кои настапуваат први од 16.30, а по нив се „Сол ночиво“ од 17.15. Во 17.45 следи мото дефиле низ Општина Гази Баба, а од 18.15 ќе настапи бендот „Растеинд“. „Кросроуд блуз бенд“ се на програмата од 19.10, „Културно уметнички работници“ од 20.45, а настанот ќе го затвори концерт на „Суперхикс“ од 22.20.
Фестивалот се одржува по втор пат. Организаторите најавуваат целодневна забава која ќе опфати мото дефиле, диџеј, музички бендови, и награди а целта на настанот е промоција на мото културата во Македонија.