НА 27 МАРТ ПРЕМИЕРА НА „ПАР РАСПАР“ ВО РЕЖИЈА НА НИНА НИКОЛИЌ ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 27 март во Театар Комедија, на Светскиот ден на театарот, премиерно ќе се изведе претставата „Пар распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ и во превод на македонски јазик на Маја Трајаноска-Ивановска.
Во претставата играат Валентин Костадиновски, Атанас Атанасовски, Григор Јовановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски, Виктор Арсов, Жаклина Петровска и Маја Љутков.

Костимографка на преставата е Ивана Каранфиловска-Угуровска, сценографка е Вишња Вујовиќ, композитор е Оливер Јосифовски, соработник за сценски движења е Димитриос Сотириу, дизајн на светло е на Крис Јегер, а светломајстор е Слободан Илиоски.

Драмскиот текст „Пар распар“ на Сајмон првпат е поставен на Бродвеј во 1965 година. Оттогаш е адаптиран во различни форми, што вклучува филм, телевизиска серија и голем број сценски поставки низ целиот свет.

Фото: К. Галевски