НАЈБОГАТИОТ КИНЕЗ СЕ БОРИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ ДОНИРАЈЌИ МЕДИЦИНСКИ ЗАЛИХИ ВО НАД 150 ДРЖАВИ

Пекинг, (Би-Би-Си)
Alibaba Group Founder and Executive Chairman, China's Jack Ma speaks during a panel session on the second day of the World Economic Forum, on January 18, 2017 in Davos. / AFP / FABRICE COFFRINI (Photo credit should read FABRICE COFFRINI/AFP/Getty Images)

Среде пандемијата на коронавирусот, најбогатиот Кинез Џек Ма минатиот месец отвори профил на Твитер и оттогаш го користи исклучиво за својата кампања за доставување медицински залихи во речиси сите држави на светот.

„Еден свет, една борба! Заедно можеме да го направиме ова“, напиша Ма во еден од своите твитови.

Кинескиот милијардер е водечката сила зад глобално раширена операција на донирање на медицински залихи и негова помош во вид на заштитни маски, респиратори и комплети за тестирање досега имаат добиено повеќе од 150 држави. Иако гледано во пари други технолошки милијардери имаат донирано многу повеќе за борбата против коронавирусот, Ма има избрано друг пристап, па директно го обезбедува она што во моментов е можеби и попотребно од самите пари.

Почнувајќи од март, фондацијата на Ма има испратено помош во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка, па дури и во политички чувствителни региони, како Иран, Русија, САД и Израел. Тој исто така донирал милиони долари за развој на вакцина против КОВИД-19.

Џек Ма бил учител по англиски пред да ја изгради најголемата кинеска технолошка компанија „Алибаба“ во 1999 година. Денес неговото богатство се проценува на 40 милијарди долари. Тој пред две години се повлече од функцијата претседател на „Алибаба“ со цел да се посвети на филантропијата.

Според податоците од неговата фондација, Ма досега донирал 120,4 милиони заштитни маски, 4,1 милион комплети за тестирање и над 3.700 респиратори во повеќе од 150 држави.