Режисерката Нина Николиќ почна со проби за претставата „Олд Сејбрук“ од Вуди Ален во Театар Комедија.. Претставата е копродукција на Театар Комедија и продукцијата „Перипетија“.
Во претставата играат Маја Љутков, Дарија Ризова, Елена Кузманов, Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски, Тони Денковски и Благој Веселинов. Костимографка е Ивана Каранфиловска, сценографка Илина Ангеловска, а композитор Оливер Јосифовски.
Премиерата е закажана за 26 март.