ПЕТТЕ НАЈМАЛИ ОСТРОВИ ВО СВЕТОТ, НА ЕДНИОТ ИМА САМО 43 ЖИТЕЛИ

САД, (Дејли Паспорт)

Се проценува дека на Земјата има околу 11.000 трајно населени острови, на кои живеат околу 730 милиони луѓе. Најголемиот од овие острови е Гренланд, со 410.500 квадратни километри.

„Дејли паспорт“ направи избор од петте најмалите острови во светот кои луѓето ги нарекуваат дом.
5.Кодакараџима – Јапонија
Има 14.125 острови кои го сочинуваат јапонскиот архипелаг, вклучувајќи ги и оние во синџирот Токара Острови, лоцирани на околу 240 километри југозападно од копното. Од овие острови, Кодакараџима – што во превод значи „остров со мало богатство“ е најмалиот, со вкупна површина од само 2.3 квадратни километри. Островот е дом на 43 постојани жители, кои живеат од риболов.

Кодакараџима во Јапонија (Фото: Викимедиа)

4. Данбар Рок – Хондурас
Овој мал остров некогаш бил приватен имот, кој оттогаш е претворен во вила на карпата Данбар – луксузно одморалиште на Карибите каде туристите можат да искусат како е да се живее на изолиран, но сепак прекрасен остров лоциран северно од копното на Хондурас и јужно од островот Гуанаја. Самата вила се простира на 15.000 квадратни метри на четири ката, зафаќајќи го речиси секој сантиметар од просторот на самиот остров. Може да се пристапи со летање до блискиот остров Гуанаја и 10-минутно возење со брод до Карпата Данбар. Оние кои ќе резервираат престој овде можат да очекуваат поглед од 360 степени на вода, приватна плажа, огромен базен, масер на повик и многу можности за живописно нуркање.
3. Кеј Сејбл – Хаити
Кеј Сабл се наоѓа во заливот Гонаве, околу 48 милји западно од Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити. Островот е со големина од само 0,4 хектари – помалку од половина од големината на стандардното фудбалско игралиште. Но, и покрај ограничениот простор за живеење, околу 250 до 300 луѓе живеат на Кеј Сејбл, што го прави еден од најгусто населените острови на Земјата. За многу Хаиќани тешко се доаѓа до простор за живеење, а условите се далеку од идеални.

Островот Нихтаргуер во Франција (Фото: Алами)

2. Нихтаргуер – Франција
На островот Нихтаргуер, кој се наоѓа покрај Ривиер д’Етел во северозападна Франција, ќе најдете една камена зграда со светло сина врата која првично била изградена во 1894 година i локална фарма за остриги. Големината на Нихтаргуер варира во зависност од времето од денот и околната плима.
1. Хаб – Њујорк
Островот Хаб (фото) е дел од синџирот „Thousand Islands“, кој се наоѓа во северниот дел на Њујорк во реката Сент Лоренс. Со вкупна површина од само 3.300 квадратни метри, островот е познат и како „Остров со доволно соби“. Островот Хаб е најмалото населено парче земја меѓу сите 1.864 острови што го сочинуваат синџирот, а повеќето извори го сметаат за најмал населен остров во светот. Земјиштето беше ненаселено многу години додека не беше купено од семејството Сизеленд во 1950-тите. Тие засадија едно дрво на островот, а исто така изградија и мала куќарка која стои и денес.