Денеска (29 јануари) од 20 часот, во Театар Комедија ќе се изведе премиерата на претставата „Да живее долна дупка“, чиј автор и режисер е доајенот на македонските филм и театар Коле Ангеловски.
Играат Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Горан Ников. Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски. Првата реприза е на 30 јануари во Театар Комедија.
Никола Ангеловски-Коле (1943) е филмски, телевизиски и театарски актер, режисер, сценарист и драматург. Дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, а од 1967 до пензионирањето работеше во Драмскиот театар во Скопје.