Десетина македонски музичари и актери зедоа учество во песната „Растеме заедно“, чија цел е зголемување на јавната свест за аутизмот. Спотот за песната што ја напиша Весна Малинова-Бабамов беше промовиран вчера.

Тоа е песна за љубовта, дружењето, насмевки и прегратки, за заедничкото. Песна која покажува дека иако имаме разлики, сепак, сите сме многу слични, а она што сите најмногу го сакаме е да растеме заедно“, велат од невладината организација „Аутизам МК“, која е носител на овој проект.

Во снимањето на песната учествуваа Кристина Арнаудова, Весна Гиновска-Илкова, Никола Перевски од „Нокаут“, Лилјана Атанасова-Лили, Дани Димитровска, Мијата, Драган Спасов-Дац, Петар Младеновски од „Суперхикс“, Филипа Гелевска, Горан Трифуновски и Ана Трифуновски од „Пеперминт“, Бранислав Николов од „Фолтин“ и Ева Ѓорѓеска.