Вечерва (30 јули) на Охридско лето премиерно ќе се изведе претставата „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. Претставата ќе се игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 21 часот.
Драматургијата е на Сашо Димовски, сценографијата на Валентин Светозарев, а костимографијата ја направија Раде Василев и Елена Вангеловска. Во претставата играат Васил Зафирчев, Исидор Јованоски, Кети Борисовска, Весна Димитровска-Бобевски, Јордан Витанов, Слободанка Чичевска, Талија Настова и Благојчо Стојанов.
„Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК на секој од нас. Многу се радуваме што создавајќи го тој современ јазик во една театарска лабораторија, успеавме да ја пронајдеме неговата емоција со нови изразни средства. Логички беше претставата за Рацин да ја создадеме токму во Велес“, рече Пројковски.
,