Режисерот Ридли Скот ќе снима филм за легендарната диско поп група „Би џис“. Сценариото ќе го пишува Џон Логан, кој го напиша блокбастерот на Скот од 2000 „ Гладијатор“.
Триото составено од браќата Бери, Робин и Морис Гиб, беше едно од најпродаваните музички групи на сите времиња.
53-годишниот Морис почина во 2003 од срцев удар. Во 2009 , Робин објави дека тој и Бери повторно ќе настапат под името „Би џис“. Три години подоцна, во мај 2012, Робин почина по компликации различни здравствени проблеми, на 62-годишна возраст.
Бери Гиб ќе биде вклучен во новиот филм како извршен продуцент.
Скот периодов ја привршува продукцијата на „Гладијатор 2“, со Пол Мескал, Дензел Вашингтон и Педро Паскал во главните улоги. Продолжението на првиот филм објавен пред повеќе од две децении, треба да се појави во кината на крајот на 2024.
Фото: Гети