РОДЕНДЕНОТ НА БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА ПРОСЛАВЕН СО ПОП-РОК ЗАБАВА ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хитовите на најголемите британски ѕвезди, како Дејвид Боуви, Џорџ Мајкл, Роби Вилијамс, Адел, „Клеш“, и „Спешлс“ ги опуштија политичарите, амбасадорите и уметниците, кои беа гости на приемот, организиран од Амбасадата на Велика Британија во Скопје, по повод 92. роденден на кралицата Елизабета Втора.

Британскиот амбасадор Чарлс Гарет и неговата сопруга Вероник се поздравуваат со амбасадорот на САД Џес Бејли и неговата сопруга Кејпи Полк Бејли (Фото: Ѓ. Личовски)

Поздравувајќи ги гостите на македонски, албански и на англиски јазик, амбасадорот Чарлс Гарет наздрави за роденденот на кралицата, а меѓу значајните датуми и поводи за прослава на британската монархија годинава ги спомна и новото кралско бебе, кое се роди во понеделникот, како и кралската свадба следниот месец.

Амбасадорот Гарет со Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Алкалоид“ (Фото: Ѓ. Личовски )

По интонирањето на македонската и на британската химна од Воениот оркестар на АРМ, дружењето продолжи со диџеј сетот на Гоце САФ и со традиционални британски закуски, коктели и чоколатца.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар (Фото: Ѓ. Личовски )

 

Гостите можеа да се сликаат со пано со кралски облеки (Фото: Ѓ. Личовски )

 

Чоколатца со британското знаме се служеа за добредојде на гостите (Фото: Ѓ. Личовски)