РОНАЛДО ГО ПОСТИГНА 900. ГОЛ ВО КАРИЕРАТА

Лисабон, (АП)

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер кој постигнал 900 голови на официјални натпревари. Тој дојде до големиот јубилеј на отворањето на новата сезона во Лигата на нации, кога неговата Португалија ја победи Хрватска со 2:1.

Ова ми значи многу. Тоа е нешто што долго време сакав да го достигнам. Знаев дека оваа бројка ќе си дојде природно ако продолжам да играм“, изјави 39-годишниот Роналдо.

Тоа истовремено му беше 131. погодок за португалската репрезентација и дојде 20 години по неговиот прв. Покрај Португалија, Роналдо даваше голови и во дресот на Спортинг (пет), Манчестер јунајтед (145), Реал Мадрид (450), Јувентус (101) и Ал-Наср (68).

(Фото: Гети)