СЕ ПОДГОТВУВА „ШРЕК 5“ СО ЕДИ МАРФИ, КАМЕРОН ДИЈАЗ И МАЈК МАЕРС

САД, (Би-Би-Си)

Долгоочекуваното враќање на Шрек е потврдено, а Мајк Маерс, Еди Марфи и Камерон Дијаз се подготвени да се вратат за првиот филм за симпатичниот зелен огар по 16 години.

Заплетот на филмот не е познат, но Маерс пак ќе го игра главниот лик, Дијаз ќе ѝ го даде гласот на принцезата Фиона, а Марфи ќе се врати како помошникот Магаре.

„‘Шрек 5‘ доаѓа во кината на 1 јули 2026 со Мајк Маерс, Еди Марфи и Камерон Дијаз“, објави студиото „Дримворкс“,

Првиот филм беше објавен во 2001 и го освои првиот Оскар за најдобар долгометражен анимиран филм, заработувајќи 487 милиони долари ширум светот. Следеа „Шрек 2“ во 2004, „Шрек 3“ во 2007 и четвриот дел во 2010.

„Шрек 5“ всушност ќе биде седмиот филм од франшизата, откако ликот на Антонио Бандерас имаше два спиноф филма. Не се знае дали Бандерас ќе се врати сега, додека за Дијаз ова ќе биде една од првите улоги по долго време, откако во 2018 објави дека веќе нема да глуми.

Марфи во интервју минатиот месец навести дека и неговиот лик би можел да добие посебен филм.

(Фото: Алами)