Пејачката и актерка Селена Гомес откри дека ѝ е дијагностицирано биполарно пореметување.
Гомес говореше за нејзината дијагноза за време на 20-минутниот разговор со Мајли Сајрус на Инстаграм, кога кажа дека сфатила дека е биполарна откако неодамна посетила психијатриска болница.
„Откако дознав за мојата дијагноза, стравот како да исчезна. Колку повеќе информации знам, толку повеќе ми помагаат“, изјави 27-годишната Гомес.
Таа во 2017 година имаше трансплантација на бубрег поради нејзината борба со лупус.