СЛИКА НА ЕД ШИРАН СЕ ПРОДАДЕ НА АУКЦИЈА ЗА 40.000 ФУНТИ, ЌЕ ГИ ДАДЕ ЗА ОБНОВА НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ

Лондон, (Скај)

Поп ѕвездата Ед Ширан продаде своја апстрактна слика за 40.000 фунти и парите ги донираше за обнова на игралиште за деца со попреченост. Сликата e насловена „Деб 2 2020“, инспириранo од прекарот што Ширан му го дал на неговиот татко Џон, кој исто така e уметник.

Дваесет и деветгодишниот музичар претходно има изјавено дека неговиот сликарски стил потсетува на американскиот експресионист Џексон Полок. Ова е прво дело на Ширан кое било понудено на аукција.

Организаторите на аукцијата објавија дека рачно напишаните стихови на неговиот голем хит „Perfect“ се продале за 23.000 фунти.

На аукцијата биле понудени над 220 предмети, при што биле собрани 400.000 фунти.