СО ЗАБАВА СО ЛОНДОНСКИОТ БЕНД „АМБАСАДОР“ И КАБАРЕ, ВИНАРИЈАТА „КАМНИК“ ПРОСЛАВИ 20 ГОДИНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со забава на која настапи бендот „Амбасадор“ од Лондон, винаријата „Камник“ прослави 20-годишен јубилеј. Настапи и кабаре составот „Лакшри кабаре“.

Винаријата беше отворена во 2004 со пет хектари лозови насади, кои денес прераснаа во близу 40 хектари. Започна со производство од 10 тони грозје и 10 дабови буриња, а сега, по две децении, преработува 500 тони грозје и располага со 500 дабови буриња. Во овој период се создадени повеќе од 25 различни вина, произведени од повеќе вински сорти.

Со танцови точки гостите ги забавуваше „Лакшри кабаре“ од Србија (Фото: Камник)

Во 2011, „вранец терои“ е прогласено за најдобро црвено вино во Централна и Источна Европа на светските награди „Декантер“ во Велика Британија, а „ten barrels syrah reserva“ повеќепати освои златни медали и е прогласувано за едно од најдобрите 10 „syrah“ вина во светот.

„Камник“ е првата македонска винарија која направи етикета за вино од уметничко дело, Carmenere 2019 на уметникот Михаил Корубин.

„Камник“ низ годините стана партнер и на многу ресторани со Мишелин ѕвезди, па нејзини вина денес има во ресторани во Англија, Германија, Швајцарија, Словенија, Хрватска и други земји, а може да се најдат и во музејот на виното La Cité du Vin во Бордо.